Расте невработеноста во Словенија
Во Словенија до крајот на годината ќе има околу 114.000 невработени, а дополнително зголемување на невработеноста се очекува идната година, соопшти словенечкиот Завод за вработување. Умереното зајакнување на словенечката економија во 2014 година, исто така нема позитивно да влијае на пазарот на трудот во таа земја се до 2015 година, наведува во соопштението Заводот. Според последните податоци од октомври, стапката на невработеност во Словенија изнесуваше 12,1 процент. Заводот предвидува дека до крајот на идната година во Словенија ќе има 117.000 регистрирани невработени луѓе. Според истражувањето на агенцијата Менпавер се очекува и побарувачката на работодавачите за нови вработени да биде во пад во првиот квартал во 2013 година.
Слично
