Расте невработеноста во Канада, се губат постојаните работни места
Канадскиот пазар на труд во последните неколку месеци поминува низ повеќе турболентни фази, откако во јули беа изгубени над 31 илјади работни места, месецов се отворија 26 илјади нови, но тоа не е доволно за да се намали невработеноста која сега изнесува 7 проценти.
Според анализите на владините институции и економските експерти невработеноста расте бидејќи има се поголем број на нови лица кои активно се вклучуваат во пазарот на трудот и бараат работа.
„Ако го земете просекот од последните два месеца ќе добиете и слика за речиси целиот изминат период, пазарот на труд е во стагнација, економијата се мачи да создаде нови работни места“ изјави Даг Портер, главниот економист на Банката од Монтреал.
Во Канада има раст на привремените работни места, додека пак 35.700 постојани работни места биле изгубени во однос на лани. Овие лоши бројки за економистите и не се премногу загрижувачки бидејќи очекуваат ревитализација на пазарот во последниот квартал од годинава кога повеќе индустрии имаат потреба од сезонски или нови работници бидејќи тогаш им се зголемува обидот на работа.
Слично
