Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте невработеноста во Грција

Расте невработеноста во Грција
Стапката на невработеност во Грција пораснала во мај 2013 година на 27,6 отсто,  надминувајќи го досегашниот рекорд од 27 проценти од април годинава, покажаа официјалните резултати објавени во четвртокот. Рекордната невработеност во Грција е последица на шестгодишната рецесија, како и на радикалните мерки за штедење коишто ги воведе владата во Атина, за да го намали огромниот државен долг и условеноста од меѓународните грчки кредитори. Грција  од 2010 година преживува благодарејќи само на финансиската помош од Меѓународниот монетарен фонд и партнерските земји од еврозоната
Слично

Поврзани вести