Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте невработеноста во Бугарија

Расте невработеноста во Бугарија
Невработеноста во Бугарија се зголеми за 0,9 процентни поени и во првиот квартал на 2013 година достигна 13,8%, покажуваат податоците на НСИ. Невработени во првиот квартал на годината се 456 400 лица или за 8.3% повеќе во однос на истиот период лани. Повисока невработеност има кај мажите, од кои 267 илјади не работат,  наспроти 188 илјади невработени жени. Невработеност меѓу младите на возраст од 15 - 29 години е 23,6%. Долготрајно невработени од една или повеќе години се 250.8 илјади лица.
Слично

Поврзани вести