Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте надворешниот долг на Србија

Расте надворешниот долг на Србија
Вкупниот надворешен долг на Србија на крајот на септември изнесуваше 24,8 милијарди евра, т.е. 83,7 отсто од БДП, што е над долната граница на висока задолженост според критериумот на Светска банка, објави Народната банка на Србија. Во однос на крајот на јуни 2012 година, надворешниот долг на Србија е зголемен за 746,4 милиони евра или за 3,1 отсто. Наведениот раст на долгот е ублажен со слабеењето на еврото во однос на останатите валути застапени во структурата на надворешниот долг, врз чиј основ надворешниот долг е намален за 120,3 милиони евра. Во тој период надворешниот долг на јавниот сектор е намален за 88 милиони евра, додека долгот на приватниот сектор е зголемен за 834,4 милиони евра.
Слично

Поврзани вести