Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте инфлацијата во САД

Расте инфлацијата во САД

Инфлацијата  во САД во април изнесувала 8,3 проценти. 

Податокот денеска го објави американската Канцеларија за статистика. Тоа е нешто понизок раст на потрошувачките цени споредено со рекордот од март од 8,5 проценти, но и натаму е блиску до највисокото ниво од летото 1982-ра година и ги надминува прогнозите на економистите кои во анкета предвиделе дека априлската инфлација ќе изнесува 8,1 процент, пренесува "CNBC". Реалните заработувачки во САД лани се намалиле за 2,6 проценти, иако номинално просечната заработувачка по час пораснала за 5,5 проценти. До порастот на потрошувачката инфлација во април дошло и покрај падот на цената на енергијата за 2,7 проценти на месечно ниво, при што цените на бензините се намалиле за 6,1 проценти. Индексот на цената на храната пораснал за 0.9 проценти во април, што го ограничило влијанието на падот на цената на енергијата на општата инфлација. Многу земји во светот сега се соочуваат со инфлација каква немале долги години. 

Висока инфлација има и во Турција. 

Слично

Поврзани вести