Расте државниот долг на Албанија
Меѓународниот монетарен фонд ги предупреди претставниците на Министерството за финансии на Албанија дека државниот долг на земјата расте со загрижувачко темпо.
На средбата оддржана во Тирана, на која била разгледувана реализацијата на државниот буџет на земјата, повикувајќи се на извори од Министерството за финансии, албанската агенција АТА, јави дека главни теми биле пензискиот систем и социјалното осигурување.
Во текот на оваа недела претставници на ММФ во Тирана имаа средба и со директорот на Агенцијата за управување со државниот долг, на која била анализирана структурата на албанскиот долг, што меѓу другото ги вклучува и обврските на државата кон фирмите.
Според Фондот, долговите кон фирмите претставуваат голем проблем за Албанија.
