Расте цената на нафтата, ОПЕК не се договори за зголемување на дневното производство
Цените на нафтата и натаму растат. Саудиска Арабија и нафтениот картел ОПЕК плус Русија денеска го одбија барањето на американскиот претседател Џо Бајден за зголемување на дневното производство на нафта за два милиони барели.
ОПЕК продолжува да се придржува до претходниот договор за зголемување на 400.000 барели дневно. Барел нафта утрово достигна цена од 115 долари, што е највисока цена во последните десет години. Така, цената на нафтата од лани порасна за скоро 50 отсто.
Саудискиот принц Мохамед бин Салман Ал Сауд, како неформален лидер на картелот, го отфрли барањето на Вашингтон и на некои членки на ОПЕК за исклучување на Русија од членството.Освен нафтата, во светот поскапуваат алуминиумот и пченицата.
Слично
