Расте цената на нафтата додека доларот паѓа
Доларот ослабна, а цените на нафтата скокнаа.
Доларот е стабилен во однос на европската валута, така што цената на еврото е околу 1,1720 долари, како и во петокот. Доларот во однос на јапонската валута се намали од 110,75 на 110,65 јени.
Нафтата поскапува веќе четвртата недела, главно како резултат на прекините во производството во Мексиканскиот Залив по ураганите Ида и Николас. Цената на барелот на лондонската берза утрово се зголеми за 1,5 проценти, на 79,05 долари, новото највисоко ниво од октомври 2018 година. На американската берза, вредноста на барелот се зголеми за 1,45 отсто, на 74,95 долари.
Слично
