Расте цената на гасот во Европа
Повторно скокна цената на гасот која во Европа достигна 1.430 долари.
Toлку чинат 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската платформа ICE.
Априлските испораки на гас се договорени во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.430,5 долари за илјада кубни метри, што е 125,99 евра за мегават час, според сегашниот курс евро/долар, објави агенцијата Тасс.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија одлучила да наплатува само во рубљи за извозот на својот гас во „непријателските“ земји и затоа се случи поскапувањето. Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека Европа нема да и плаќа на Русија во рубљи. Вели дека никој во Европа не знае како изгледаат.
Војната во Украина доведе до скок на цените на нафтата.
foto freepik.com
