Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте цената на гасот, е германските резерви се на многу ниско ниво

Расте цената на гасот, е германските резерви се на многу ниско ниво

Цената на гасот надмина 1.700 долари за 1.000 кубни метри. 

Таа порасна за скоро 10 проценти. За првпат од почетокот на октомври има вакво поскапување, откако Гаспром не успеа да резервира капацитет за гасоводот Јамал-Европа. 

Експертите нагласуваат дека резервите на гас во Германија се на ниско ниво што досега не е забележано. Нивото падна под границата од 60 отсто.  Капацитетите за складирање гас во Германија беа полни нешто повеќе од 58 отсто минатата среда, според истражувањето на индустриското здружение Gas Infrastructure Europe – со вообичаениот тренд на опаѓање за тој период од годината. За споредба, на 14 декември лани таа бројка беше 79 отсто, а во 2019 година 97 отсто.

Слично

Поврзани вести