РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ГРЦИЈА: Колку животи однесоа пожарите?
На 87 се искачи бројот на загинати во Грција, откако 62-годишен маж, кој во критична состојба беше примен во болница од пожарите во реонот на Атика, денеска почина.
По вчерашната прес-конференција на грчкиот министерот за цивилна заштита, владиниот портпарол и на началниците на противпожарната служба и полицијата, опозициската Нова демократија упати обвинувања, критики и прашања до Владата.
„На вчерашната владина претстава за отфрлање на каква било одговорност, не се слушна ниту едно „извини“ - рече портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки.
Таа вели дека никој од инволвираните не бил сменет, а наместо тоа сите изјавувале дека се горди за тоа колку добро ја завршиле нивната работа во моменти кога уште се бројат загинатите.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас пак изјави дека презема политичка одговорност за катастрофалниот пожар во реонот на Атика, во кој животите ги загубија 87 лица, и повика истото да го сторат и министрите во неговата Влада.
Тој кажа дека не бега од одговорност.
