Расте бројот на жртви од невремето во Грција
Седум луѓе загинаа во невремето во Грција. Како што пренесува Катимерини, последната жртва е пронајдена кај брегот на Неа Каликратиа и се проверува дали станува збор за 62 годишниот рибар што претходно беше прогласен за исчезнат.
Портпаролот на грчката влада, Стелиот Пецас изјави дека на регионот ќе му биде овозможена финансиска помош од владата.
Околу 80 отсто од полуостровот Халкидики сè уште се без струја.
Тринаесет луѓе остануваат во болниците во Солун, од кои еден повреден се наоѓа на одделот за интензивна нега.
Слично
