Расте бројот на заразени со коронавирусот во Србија
Се зголемува бројот на заболени од коронавирусот во Србија. За едно деноноќие 8.405 луѓе се тестирани, 118 се позитивни, а еден пациент починал. Четири пациенти се на респиратори. Вчера, од вкупно 4.874 тестирани, имаше 69 потврдени случаи, а две лица починаа.
Четвртиот бран на корона вирусот кој се очекуваше наесен, според последните податоци, тој практично веќе е започнат и се поставува само прашањето колкав ќе биде интензитетот и колку ќе трае, вели епидемиологот Предраг Кон. Претходно, Кон ги критикуваше граѓаните дека премногу се опуштиле и дека не ги почитуваат мерките кои се на сила. Во регионот се присутни повеќе соеви на вирусот.
Слично
