Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија

Расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 7,5 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,2 отсто. Податоците покажуваат и дека бројот на туристите во март 2013 година изнесува 34.495, а бројот на ноќевањата изнесува 73.241. Бројот на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за 8,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 18,4 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за 4,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,6 отсто. Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,8 отстои тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,5 отсато, а кај странските има зголемување за 5,9 отсто. Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,4 отсто, а кај странските има зголемување за 6,9 отсто.
Слично

Поврзани вести