Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на спорни гласачи кои го регулираат гласачкото право

Расте бројот на спорни гласачи кои го регулираат гласачкото право

Во Државната изборна комисија до денеска напладне се пријавиле повеќе од 2.100 граѓани, чиишто записи во избирачкиот список се спорни.

Ова покажува дека процесот на пријавување на спорните гласачи се забрзува. Луѓето со податоци кои не се совпаѓаат со оние во избирачкиот список треба да се пријават до 19-ти август. Спорните гласачи коишто ќе го пропуштат рокот, ќе имаат и втора шанса за време на јавниот увид во избирачкиот список,  пред одржувањето на изборите.

ДИК спроведува кампања за информирање на спорните гласачи дека треба да се пријават за да можат на гласаат на следните избори.

Своето гласачко право го регулирале 385 од општина Чаир, 132 гласачи од општина Аеродром, 66 од Битола, 60 од Боговиње, Гази Баба 50, Гостивар 89, Карпош 88, Гевгелија 22, Врапчиште 25, Велес 20,  13 од Арачиново, Дебар 16, Желино 29, Кавадарци 17 и помал број во други општини.

Слично

Поврзани вести