Расте бројот на работници во индустријата
За 6,8 отсто е зголемен бројот на работниците во февруари во споредба со истиот период лани.Според податоците од Државниот завод за статистика намалување на бројот на работници има во секторот на рударство и вадење камен за 0,8% додека пораст од 8,1 % е регистриран во преработувачката индустрија, а во секторот снабдување со електрична енегрија има опаѓање на бројот на работници за 0,7%.
Во однос на главните индустриски групи, пораст на бројот на работници има кај интермедијарни производи, капитални производи, трајни нетрајни производи, додека кај енергија е забележано намалување за 1,8 отсто.
Слично
