Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на патници кои одлучиле да летаат со авион

Расте бројот на патници кои одлучиле да летаат со авион

Пораснал бројот на патници на македонските аеродромите во месец април. Според  Министерството за транспорт и врски, на двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 76.653 патници или забележан е раст за 12,3 % отсто во однос на истиот месец лани.

Притоа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во април биле регистрирани  74.381 патник, а на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид - 2.272 патници.

Како причина за растот  на бројката на лица кои одлучиле да го користат авионскиот сообраќај се наведуваарт пониските цени поради влезот на нискобуџетни компании, како и  воведувањето нови директни летови кон повеќе дестинации.

Слично

Поврзани вести