Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на одобренија за градба, компаниите со мал интерес за сертификат за енергетска ефикасност

Расте бројот на одобренија за градба, компаниите со мал интерес за сертификат за енергетска ефикасност

Издадени 316 одобренија за градба што е за 19.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Предвидената вредност на објектите е за 6.2% повеќе во однос на лани или вкупно 4 182 150 илјади денари, покажаа пресметките на Државниот завод за статистика,

Од одобренијата за градба 186 (58.9%) се наменети за висока градба,  50  (15.8%) за објекти од нискоградба и 80 (25.3%) за објекти за реконструкција.

На 59.8%  од објектите се јавуваат физички лица, а на 40.2%  на објектите инвеститори се деловни субјекти.

На површина од 35 189 м2 предвидена е изградба на вкупно 376 станови.

Но, и покрај зголемениот број на одобренија за градба, кај градежните компании интересот за стекнување на нивните работници со сертификати за енергетска ефикасност е намален.

Засега само 650 градежни работници се јавиле на огласот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ а планирани се 1000 .

Проектот за обука се реализира во рамки на Европската Унија со цел да се зајакнат апацитетите на градежниот сектор а рокот за аплицирање е  27 ноември.

Слично

Поврзани вести