Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на новороденчиња во Кавадарци

Расте бројот на новороденчиња во Кавадарци

Бројот на новороденчиња во Кавадарци бележи раст. Како што информираше  началникот на акушерското одделение при општата болница во Кавадарци, Бранко Поповски, за 17,5 % е зголемен бројот на новородени деца во кавадаречката болница во 2012 година, споредено со 2011 година.

Според Поповски, последните десетина години немало бројка од 581 новороденче колку што биле родени во Кавадарци минатата година.

Тој исто така информираше и дека првороденото дете во 2013 година во овој град е девојче, кое традиционално беше дарувано со подароци.
Слично

Поврзани вести