Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на невработени во земјава

Расте бројот на невработени во земјава
Според официјалните пoдатоци на Агенцијата за вработување, во Македонија,  во март годинава биле евидентирани 104.067 невработени лица кои активно бараат работа. Анализата на податоците покажува дека бројот на овие  невработените е во постојан пораст од ноември минатата година. Во истовреме додека расте бројот на невработените, кои активно бараат работа, се намалува бројот на оние кои пасивно бараат работа, или како што се запишани во Агенцијата за вработување, други лица кои бараат работа. Па така, во март годинава имало 116.944 пасивни баратели на работа. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека од почетокот на годинава па до март, односно за три месеци бројот на невработени е зголемен за 6.609 лица Невработени -2014 година Јануари                                 97.458 Февруари                           101.854 Март                                     104.067 Но, трендот на раст на невработеноста почнува од октомрви минатата година, иако претходно имаше намалување. Па така  од октомври лани кога е забележан благ раст на невработените, до март годинава збројот на невработени кои активно бараат работа е зголемен за 11.268 лица. Невработеност -2013 година Мај                        98726 Јуни                       96999 Јули                       94641 Август                   92987 Септември        91293 Октомври           92799 Ноември             95279 Декември          96200 Согласно измените во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Агенцијата во првите пет месеци од 2013 година спроведе постапка на пререгистарција на невработените лица. Со пререгистрацијата невработените лица се изјаснија и потпишаа изјава дали сакаат да се воведат во регистарот на невработени лица (активни баратели на работа) или во регистарот на други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа). Н.С.
Слично

Поврзани вести