Расте бројот на луѓе кои се откажуваат од косовско државјанство
За пет години, околу 25.000 луѓе се откажале од косовско државјанство.
Лани околу 4.700 граѓани го сториле тоа. Oд косовската полиција велат дека главна причина е забраната за двојно државјанство во различни земји, главно во ЕУ. Барањата за „ослободување од државјанство“ беа поднесени и во текот на 2022 година, објави Индексонлајн, пренесува порталот КосСев.
„Од 1 јануари до 19 декември 2022 година од косовско државјанство се ослободени 4.708 лица. Од нив, 2.346 се мажи, а 2.362 се жени“, изјави Фетоши за Радио Косово.
Овој проблем го имаат и другите земји од регионот. Истиот тренд го има и во Албанија, а изразен е и во Босна и Херцеговина (БиХ).
Лани од албанско државјанство се откажале 724 граѓани.
Од воените години до 2019 година, 88.163 граѓани се откажале од босанско државјанство.
