Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на индустриски зони, растат субвенциите за странските компании?

Расте бројот на индустриски зони, растат субвенциите за странските компании?
Дали изградбата на индустриската зона Ќојлија во Петровец ќе значи и отворање на нови дилеми и прашања. Што добиваат странските инвеститори? Треба ли да се радуваме или да стравуваме од секој нов инвеститор. Вчера медиумите јавија дека се градат фабрики кои ќе вработуваат луѓе не само од Петровец туку и од околината, но никој официјално не јавува што добиваат странските инвеститори од Владата. Логистичкиот центар Квенбергер е една од фабриките кои се градат. Таму засега работат 65 лица а во иднина ќе се вработат уште 80. Компанијата ќе претставува главен логистички центар и ќе ги опслужува автомобилските компании не само од Македонија туку и од Косово и Албанија. Инвеститорот истакна дека поволните инфарструктурни услови биле пресудни за инвестирање во зоната. Во зоната ќе има и италијанска болница во која ќе се вработат 250 лица. Зоната Ќојлија  поради распродадените парцели зоната ќе се прошири за 30 хектари. Неодамна еден од инвеститорите Белгиски Ван Хул објави дека од Владата во Македонија добил 17 милиони евра субвенции за изградба на фабрика за автобуси во Скопје и така ја спасил својата фабрика која се соочувала со проблеми во матичната земја.
Слично

Поврзани вести