Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте бројот на блокирани фирми во Црна Гора

Расте бројот на блокирани фирми во Црна Гора
Дека кризата во црногорската економија зема се поголем данок покажуваат податоците на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) за растечкиот број на блокирани сметки во оваа земја. Во февруари, според податоците на ЦБЦГ блокирани биле 12.390 фирми, што е многу повеќе споредено со претходниот месец. Вкупниот износ на долгот на чијашто основа се блокирани сметките изнесува 414,2 милиони евра што е за 3,75% помалку споредено со јануари. Концентрацијата на долгот, според информациите на црногорската Централна банка е релативно голема така што 10-те најголеми должници, односно 0,08% од вкупно евидентираните учествуваат со 23.26% од вкупниот износ на блокадата. Тие се блокирани за долг во вредност од 96,3 милиони евра. Околу 47,2% од вкупниот износ на блокирани средства или околу 195,7 милиони евра отпаѓа на 50 најголеми должници кои се 0,4% ос вкупниот број на евидентирани блокирани сметки. Во непрекината блоката од една година биле 2,3 илјади должници чијашто блокада изнесува 52,7 милиони евра, што е 12,7% од вкупниот износ на блокади.
Слично

Поврзани вести