Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте американскиот трговски дефицит

Расте американскиот трговски дефицит

Американскиот трговски дефицит во декември скокна на највисоко ниво во последните две години, со оглед на тоа дека извозот се намали и увозот пришто достигна рекордно високо ниво.

Овие податоци ги објави Министерството за трговија во Вашингтон.

Министерството вели дека трговскиот дефицит во последниот месец од минатата година се зголемил за 17,1 проценти на 46,6 милијарди долари, што е највисоко ниво од ноември 2012 година, објави АП.

Извозот во декември се намали 0,8 проценти на 194.9 милијарди долари, додека увозот се зголемил 2,2 проценти на 241.4 милјарди долари.

Трговскиот дефицит на САД е на оваа ниво цела 2014 година, и порасна на 505 милјарди долари, односно за шест посто во однос на 476,4 милјарди од предходната година.

Економистите прогнозираат дека трговскиот дефицит оваа година ќе продолжи да расте, со оглед на тоа дека силниот економски раст во САД го поттикнува увозот, додека економската слабост во странство и силниот долар продолжуваат да влијаат на падот на извозот.

Слично

Поврзани вести