Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растат трошоците за живот во Македонија

Растат трошоците за живот во Македонија

Се зголемиле трошоците за живот во Македонија. Посакапеле месото, зеленчукот, лебот. 

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало скокнале за 0,4 проценти. Споредено со август 2020 година, пак, трошоците на животот имаат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, поскапување има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто. Пораст  е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8,4 проценти, гасот за домаќинствата за 5,6, туристичките пакет-аранжмани за 3,1, услугите за рекреација и спорт за 2, домашните миленици и сродните производи за 1,1, велосипедите за 0,9, моторните возила за 0,7, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 0,6 итн. 

Во континуитет, вои земјава растат трошоците за живот. 

Слично

Поврзани вести