Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТАТ ПОТРЕБИТЕ ОД ВОДА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ - еве неколку препораки до земјоделците

РАСТАТ ПОТРЕБИТЕ ОД ВОДА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ - еве неколку препораки до земјоделците

Високите температури кои ја зафатија нашата земја изминатиов период, но и топлотниот бран што деновиве ја зафаќа нашата земај изразито негативно влијаат врз земјоделските култури. 

Агрометеоролозите предупредуваат дека поради високите температури доаѓа до интензивна транспирација и почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата.

Според агрометеоролозите, ваквите временски услови ќе се одразат и врз повеќегодишните растенија зашто резервите на вода и во подлабоките слоеви на почвата постојано се намалуваат. 

Се препорачува земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, како и да продолжат со грижата за посевите. 

- Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните, окопните и индустриските култури. 

Земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, со изведување работи во поле, наводнување, уништување плевели, заштита на растенијата од појава и развој на болестите и штетници, редовно следење на посевите и примена на агротехнички мерки - велат агрометеоролозите од Управат за хидрометеоролошки работи - УХМР.

Информираат и дека некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба.

- Сончевото и топло време беше поволно за зреење на некои видови на овошје како црешата, вишната и некои типови зеленчук. Одредени житни култури се во последната фаза од животниот циклус - созревање, што е исто така многу значајна фаза во нивниот животен циклус - додаваат агрометеоролозите од УХМР.

Слично

Поврзани вести