Растат платите во Србија, просечната се искачи на 550 евра
Во соседна Србија, просечната плата се искачи на 550 евра. Статистиката покажува дека платите пораснале во однос на лани. Просечната нето-плата по вработен во август 2021 година била 64.639 динари (550 евра) и е номинално повисока за 10,5 отсто, а реално повисока за 5,9 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.
Бруто-платата по вработен во август изнесувала 89.202 динари. Ова се економските резултати кои често ги споменува претседателот Александат Вучиќ кој во повеќе наврати истакна дека порано беа зад Црна Гора, а сега веќе се пред неа по висината на платите.
Слично
