РАСТАТ ДЕПОЗИТИТЕ: Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во банките?
Во август вкупните депозити на годишно ниво имаат раст од 12,4 отсто, додека вкупните кредити бележат раст од 12,9 отсто. Ова го покажуваат податоците на Народна банка.
Во однос на депозитите поизразен придонес кон растот имаат депозитите на секторот „домаќинства”, додека во однос на кредитите растот се должи на корпоративниот сектор.
Според овие податоци граѓаните и фирмите имаат во банките 10,2 милијарди евра, а им должат 8,6 милијарди евра.
Во споредба со август претходната година, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 14,5 отсто, во најголем дел како резултат на растот на депозитните пари и на краткорочните депозити.
Годишниот раст на депозитите кај домаќинствата изнесува 12,4 отсто и во поголем дел се должи на повисоките депозитни пари и долгорочните депозити, при помал позитивен придонес и на краткорочните депозити.
foto freepik.com
