Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растат цените на угостителските услуги

Растат цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во мај во однос на април годинава бележат зголемување за 1,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 2,3 проценти, алкохолни пијалаци за 0,6 проценти и ноќевања за 0,4 проценти.

Во мај годинава во однос на истиот месец лани угостителските услуги се зголемени за 1,9 проценти. Во периодот јануари- мај годинава, во однос на истиот период лани, зголемувањето е за 0,7 проценти, а во однос на декември минатата година за 0,5 проценти

Слично

Поврзани вести