РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА: Вo Париз квадрат е 13.000 евра, следат Минхен и Лондон, еве колку таму чинат становите
Според истражувањето на цените на недвижностите на консултантската куќа Deloitte, Париз ја бранеше својата позиција како најскап град за купување стан во квадратен метар во Европа, а потоа следат Минхен, Лондон и Осло.
Во Париз просечната цена на недвижностите по метар квадратен е 13.462 евра. Нешто поевтино е во јужниот дел на Германија, во Баварија, во просек по 10.500 евра за метар квадратен.
Нешто пониска е цената на недвижностите во Лондон, Осло и Франкфурт, со просечни цени од 8.400 евра.
Според сите сметки, цените на недвижностите сè уште „дивеат“, барем на Стариот континент, додека во САД има благ пад.
Фото: ЕПА
Слично
