Растат цените на авионскиот превоз
За 19,5 отсто е забележан пораст на цените кај авионскиот превоз на патници, кај нафтените деривати за 2,6 отсто, кај течните горива и гасот за домаќинствата за 1,4 отсто и кај средствата за хигиена за 0,5 отсто имало во август годинава споредено со претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Оттаму информираат дека цените на мало во август 2013 година пораснале за 0,5 отсто, а трошоците на животот за 0,3 отсто.
Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките цени на житото за 2 отсто, преработките од млеко за 1,4 отсто, свежото и киселото млеко за 0,9 отсто, јајцата за 0,8 отсто, преработките од риба и мастите за 0,5 отсто и преработките од зеленчук и алкохолните пијалаци за 0,4 отсто.
Слично
