Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ ЗА 7 до 10 ОТСТО: Поскапува нафтата на светските берзи

РАСТ ЗА 7 до 10 ОТСТО: Поскапува нафтата на светските берзи

Скокнаа цените на нафтата. 

Тие  на светскиот пазар утрово се во пораст за 7 до 10 проценти.

Јунските преддоговори за американската сурова нафта „ВТИ“ поскапеа за 9,76 проценти – на 22,38 долари за барел.

За јули пак, цената на фјучерсите на суровата нафта „Брент“ се зголемија за 6,8 отсто на 29,05 долари за барел. 

Се верува дека причини за ваквите цени е стапувањето во сила на  новиот договор „ОПЕК плус“, кој почна да се применува од 1 Мај.

Во текот на првите два месеци, намалувањето на производството на нафта ќе изнесува скоро 10 милиони барели на ден.

Пандемијата на коронавирусот доведе до рекорден пад на цената на нафтата, како резултат на намалената побарувачка за суровини. 

На 20 минатиот месец за прв пат,  цената на нафтата влезе во минус. 

На почетокот на април се појави прогноза според која оваа година цената на барел може да чини од 30 до 40 долари. 

Слично

Поврзани вести