Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст за 13% на добивката на Цементарница УСЈЕ, заработи 24,2 милиони евра

Раст за 13% на добивката на Цементарница УСЈЕ, заработи 24,2 милиони евра
Минатата година Цементарница –Усје Скопје остварила нето добивка по оданочување во износ од 24,2 милиони евра. Тоа претставува раст од 13% во однос на 2012 година кога нето добивката по оданочувањето изнесувала 21,4 милиони евра. Вкупните приходи на Цементарница лани изнесувале 66,9 милиони евра, и во однос на 2012 година забележен е пад од 6%. Податоците од финансискиот извештај на компанијата покажуваат дека има пад на приходите од продажба во странство за 25%, додека нема промена на домашен терен. Односно, во вкупните приходи на Цементарница Усје - Скопје, приходите од продажба на домашниот пазар учествуваат со 86%, додека приходите од продажба на странските пазари учествуваат со 14%. Па така, според финансискиот извештај за работењето на компанијата во 2013 година, може да се види дека приходите од продажба на домашниот пазар изнесувале 55,6 милиони евра и се на исто ниво како во 2012 година. Додека пак приходите од продажба на странските пазари изнесувале 9 милиони евра и во однос на 2012 година имаат намалување за 25%. Во однос на расходите забележан е пад за 14%, односно расходите на Цеменатарница лани изнесувале 43,3 милиони евра. Билансот на успех покажува дека компанијата лани имала 5 милиони евра побарувања од купувачите што е раст од 5% во однос на 2012 година. Но, исто така Цементарница има 6 милиони евра обврски кон добавувачите што е намалување за 18 % во однос на 2012 година.
Слично

Поврзани вести