Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст од речиси 7% кај индустриското производство

Раст од речиси 7% кај индустриското производство
Раст од речиси 7% бележи индустриското производство во месец октомври 2013 година споредено со истиот месец во 2012, јави Државниот завод за статистика. Ако се направи споредба за  периодот јануари-октомври 2013 година во однос на ланската, тогаш растот е 2,6 проценти. Така, секторот рударство и вадење на камен има раст од дури 9,7 проценти, кај преработувачка индустрија растот е 7%. Пд пак има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација регистриран од  0,8%. Во однос пак на главните индустриски групи, производството во октомври годинава споредено со овој месец лани, бележи пораст од нешто над 1% во групата Енергија, кај Интермедијарни производи, освен енергија од 6,3%, кај Капитални производи растот е 15,2, додека високи 36,3 % има кај Трајните производи за широка потрошувачка.
Слично

Поврзани вести