Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст од 5,3% кај цените на индустриските производи

Раст од 5,3% кај цените на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември лани се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво и за 5,3 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во декември во однос на ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата енергија за 0,8 проценти.

Во однос на декември 2011 година  продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата енергија за 11,4 проценти, во групата трајни производи за широка потрошувачка за 3 проценти и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 2 проценти
Слично

Поврзани вести