Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст од 5% на индустриското производство во септември

Раст од 5% на индустриското производство во септември
Раст од 5,1 отсто забележа индустриското производство во месец септември, споредено со истиот месец минатата година. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, а гледано по сектори, раст од дури 32% има индустриското производство во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Пораст има и во секторот преработувачка индустрија, во висина од  4,2%. Најголем пад се бележи во делот на рударство и вадење на камен и роа од речиси 9%. Анализирано по главните индустриски групи, статистика за септември годинава споредено со истиот месец лани бележи раст од 12% во делот Енергија, потоа Трајни производи за широка потрошувачка, како и раст од 15% во делот Нетрајни производи за широка потрошувачка. Пад во овој дел има кај Интермедијарни производи, освен енергија за речиси 6% и Капитални производи за 8%. За периодот јануари-септември 2013 година, во однос на истиот период лани, индексот на индустриското производство  е зголемен за 2,2 отсто.  
Слично

Поврзани вести