Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемување од 32 отсто на средствата од туристичка такса во Дојран

Зголемување од 32 отсто на средствата од туристичка такса во Дојран

Околу 1,3 милиони денари се слеале во касата на општина Дојран во деветте месеци од годината од туристичка такса.

За разлика од целата ланска година, кога беа собрани околу 980.000 денари, зголемувањето по тој основ изнесува 32 отсто.

Значаен придонес за поголемата туристичка такса,според градоначалникот Борче Стамов,има подигањето на свеста кај граѓаните за редовно плаќање, како и реализацијата на проектот за категоризација на приватните сместувачки капацитети.

- Проектот за нас беше еден вид посредник помеѓу туристите и издавачите на соби.За нас тоа е многу важно,се работи за битни приходи по однос на туристичка такса кои понатаму би биле инвестирани во подобрувањето на инфраструктурата и зголемувањето на туристичките содржини во Дојран,рече градоначалникот на општина Дојран,Борче Стамов.

Според општинските анализи, летово Дојран го посетиле околу 120.000 туристи, поради што сезонава се оценува како најуспешна во последните десетина години благодарение на подобрата организација,поголемата промоција и зголеменото ниво на водата во езерото.

Слично

Поврзани вести