Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТЕ ЦЕНАТА НА ПОЛИТИЧКАТА БЕРЗА: Тачи замена за Али Ахмети, Павле Трајанов, Љиљана Поповска!?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА ПОЛИТИЧКАТА БЕРЗА: Тачи замена за Али Ахмети, Павле Трајанов, Љиљана Поповска!?
Дали ДУИ тактизира, ДПА обезбедува терен за институционален влез а Вмро Дпмне завзема одбранбена позиција во ек политичка криза? Аналитичарите отвораат серија на прашања откако во јавноста беше објaвено дека на сегашниот владеачки двоец му се се приклучува и партијата на Тачи. Според дел од познавачите, ако Груевски ја отвори вратата и за Тачи, тоа значи дека премиерот недоволно му верува на сегашниот владин партнер, но и дека бара алтернатива за недоволно лојалните од ДОМ и партијата на Павле Трајанов. Кој ќе добие а кој ќе изгуби ... Откако лидерот на ДПА Мендух Тачи потврди дека води разговори со премерот Никола Груевски, дел од аналитичарите што ги анкетираше “Фактор“ посочуваат дека зад ова сценарио за проширување на коалицискиот брак има повеќе причини, но и добитници и губитнци. “Овој потег од страна на ВМРО ДПМНЕ значи проширување на политичката база во пресрет на следните „бомби“, кои веројатно можат да ја дестабилизираат коалицијата со ДУИ, особено, како што нагласи Заев, присусвото на аферата Монструм во една од нив! Во исто време, проширувањето на коалицијата може да значи и замени на недоволно лојалните ДОМ и партијата на Павле Трајанов.  Во исто време, тоа би требало да значи и бајпасирање на отпорот на дел од ДУИ за донесување на уставните амандмани, кои се важни за власта, пред се оние за економските зони“, оценува новинарот и аналитичар Љубомир Костовски. Евентуалниот влез на Тачи во власта практично ќе значи заштита за оваа партија но и опонирање на новоформираното движење на албанските интелектулаци БЕСА, смета аналитичарот Јасмин Реџепи. “Сметам дека повеќе ДПА има потреба да премине под закрила на ДПМНЕ поради тоа што на таков начин ќе обезбеди  заштита од страна на нивните институции, бидејќи се на истата обвинителна клупа, користејќи го тактизирањето на ДУИ. А од друга страна ДПМНЕ на овој начин се надева дека ќе добие повеќе поддршка од албанскиот електорат, бидејќи Албанците со Османи, Села и БЕСА создаваат вистинска опозиција, па ДПА не може да ја игра таа (о)позиција.“, вели аналитичарот Реџепи. Лидерот на ДПА , Мендух Тачи, потврди дека води разговори со премиерот Никола Груевски за влез во Владата, со образложение дека  се разговарало на многу теми, но сеуште не стиганале до прашањето за распределба на министерските места при евентуален влез во Владата. “Не е коректно пред да завршат овие раговори да се кажуваат работи, на пример кој ќе биде министер ,апсолутно не сме стигнати до такви разговори.Политички се знае јавно  кои се нашите главни приоротети како ДПА,интеграциските процеси и проблемот со нашата платформа“, изјави лидерот на ДПА  Тачи. Од евентуалниот владин брак меѓу Груевски и Тачи, според аналитичарот Костовски, корист ќе имаат и двајцата. “Од овој потег имаат интерес и Тачи и Груевски. Тачи бидејќи – и според „бомбите“ - соработувал со ДПМНЕ на последните избори и заради тоа што ќе изгуби многу приврзеници по објавените телефонски разговори (релации со „УДБА“). Тој сега ќе се обиде да го компензира тоа со ставање на свои луѓе на некои доделени државни функции и тоа да го наплати, за да поткупи дел од гласачкото тело според она  “еден вработен – десет гласови на идни те избори“, оценува новинарот Костовски. Од владеачката ДУИ засега кусо коментираа дека досега ова прашање не е отворено ниту третирано на ниеден начин меѓу коалициските партнери. Тачи разговара со Мијалков – осма “бомба“ на СДСМ... Како дел од осмата политичка бомба на СДСМ, беа објавени, како штотвдрат од опозициската партија, и разговори меѓу лидерот на ДПА Мендух Тачи  со директорот на УБК Сашо Мијалков во врска со едно гласање во ДИК. Во разговорот според СДСМ, Мијалков бара од Тачи, членот од ДПА во ДИК да гласа како поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица. По ова според опозициската партија, Тачи телефонски контактира и дава налог како да се гласа во ДИК и да се даде поддршка за Струмица, во замена за поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за Чаир. По објавување на овие разговори, Тачи изјави: „Ништо што не го очекував. Ова е една петарда од џелатите на Албанците стари 60 или 70 години, како што се СДСМ и Заев. Комплетно монтиран разговор. Ова не ми остави впечаток. Само да им кажам на Албанците дека политичката битка со џелатите на Албанците ќе продолжи до смрт. Гласот на ДПА за да се поништи гласањето во Струмица во ДИК беше јавен и отворен, а исто така јавно беше и гласањето на ВМРО за да се поништи гласањето во Чаир и да се прогласи изборен фалсификат“, рече Мендух Тачи, претседател на ДПА. Дали партијата на Тачи ќе влазе во власта, според дел од најавите, ќе се знае можеби и во текот на оваа недела. Владеачката Вмро-Дпмне го прекина традиционалното партенрство со ДПА по предвремените парламентарни избори во 2008 година, кога реши да коалицира со ДУИ, која стана најголема партија од албанскиот политички блок.. Оттогаш ДПА е во опозиција.
Слично

Поврзани вести