Раст на трговијата на мало, кои сектори имаат зголемување?
Во трговијата на мало, во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.3%, а реално за 13.8%).
Според податоци на Државниот завод за статистика, раст има кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17.6%, а реално за 17.6%) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15.6%, а реално за 15.5%).
Трговијата на мало, во август 2016 година, во споредба со август лани гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11.4%, а реално за 11.8%), трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 25.0%, а реално за 24.0%) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 18.6%, а реално за 18.4%).
