Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на прометот на индустријата на странските пазари

Раст на прометот на индустријата на странските пазари

Прометот во индустријата во јули годинава во однос на јули лани бележи пораст од 6,7 проценти. На домашниот пазар има опаѓање од 8,8 проценти, а на странските пазари пораст од 15,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во Рударство и вадење камен бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6,8 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Енергијата за 315,1 отсто и Капитални производи за 119 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто.

Во однос на јуни индустријата бележи пораст од 4,5 отсто, додека во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период лани за 6,9 отсто.

Слично

Поврзани вести