Раст на продажните цени на индустриските производители
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април годинава се повисоки за 0,2 отсто на месечно ниво, а за 1,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во април 2013, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.
Во април 2013, во споредба со април 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2 отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто.
