Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на потрошувачката на вода во Битола

Раст на потрошувачката на вода во Битола
Потрошувачката на вода од акумулацијата на ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола деновиве е значително зголемена, а најголеми побарувачи се локалното јавно претпријатие „Водовод“ и земјоделските производители. Од ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола информираат дека оваа реакција на водокорисниците е очекувана и подготвени се за дополнителни барања бидејќи во акумулацијата во моментов има 73 милиони метри кубни вода, изјави за МИА генералениот директор на ЈП „Стрежево“, Љупчо Бошевски. - Дневната побарувачка на вода од нашата акумулација или испорака на вода на излез изнесува седум метри кубни метри во секунда. Зголемени побарувања има ЈП „Водовод“-Битола кое користи 300 литри вода во секунда, а со оглед дека ова е и сезона за наводнување, зголемени се потребите и на земјоделските производители на кои им излегуваме во пресрет согласно меѓусебниот договор, посочи Бошевски. Навремените подготовки во пресрет на летната сезона, акумулирањето на како што велат од овој хидросистем -„секоја капка вода е потребна“, овозможи зачувување на солидни резерви од овој важен ресурс за граѓаните, но и за земјоделските култури кои успешно ги поднесуваат високите дневни температури. - Снабдувањето со вода за сите водокорисници ќе продолжи со соодветната динамика и без пречки како за ЈП „Водовод“, така и за останатите наши клиенти, односно други стопански субјекти и секако земјоделските производители, а доколку има интерес отворени сме за склучување и на нови договори затоа што хидросистемот е во кондиција и има капацитет за поголемо водоснабдување, истакна генералниот директор на ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола Љупчо Бошевски. Од ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола апелираат и покрај доволните количини со вода, таа рационално да се користи и штеди бидејќи водата е потребна во сите годишни времиња
Слично

Поврзани вести