Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на инфлацијата во еврзоната - какви мерки ќе се преземат?

Раст на инфлацијата во еврзоната - какви мерки ќе се преземат?

Годишната инфлација во еврозоната во септември годинава изнесувала 0,4%. 

Ова е полошо од август кога инфлацијата беше 0,2%, објави Евростат.

Инфлацијата во еврозоната целосно ги исполни очекувањата, а со тоа прашањата околу можните решенија на Европската централна банка (ЕЦБ) остануваат присутни во полна сила. Еврозоната ја создаде највисоката инфлација од октомври 2014-та година, објави „TradingEconomics“. Мнозинството економисти анкетирани од „Bloomberg“, предвидуваат дека Гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ), најверојатно ќе го продолжи рокот на програмата за откуп на средства. Најверојатно одлуката ќе биде донесена во декември, а не неделава. 

Во септември 2015 година стапката на растот на потрошувачките цени во еврозоната беше минус 0,1%, стои на интернет страната на Евростат. 



Слично

Поврзани вести