Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на индустриското производство во март

Раст на индустриското производство во март

Во месец март индустриското производство бележи раст од 4,2 проценти, споредено со истиот месец лани. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во секторот Рударство и вадење на камен растот е 8,2 проценти, во Преработувачката индустрија 0,9 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација порастот изнесува 20,6 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во март бележи пораст кај Енергија за 16,2 отсто, Капитални производи за 36,1 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 26,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,6 отсто.

Пад на индустриското производство има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,5 проценти.

Слично

Поврзани вести