Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на индустриското производство во март

Раст на индустриското производство во март

Индустриското производство за месец март бележи пораст од 4,2 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Раст има во секторот Рударство и вадење на камен од 8,2 проценти, Преработувачката индустрија бележи пораст од 0,9 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација порастот изнесува 20,6 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во март бележи пораст кај Енергија за 16,2 отсто, Капитални производи за 36,1 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 26,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,6 отсто.

Пад на индустриското производство пак има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,5 проценти.

Зголемување од 2,7 проценти бележи индустриското производство во периодот јануари - март во однос на истиот период минатата година.

Слично

Поврзани вести