Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ НА БРУТО ПРЕМИЈАТА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ: Добар сигнал за осигурувањето

РАСТ НА БРУТО ПРЕМИЈАТА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ: Добар сигнал за осигурувањето

Раст од пет проценти на бруто премијата на осигурителниот пазар во неживотно осигурување во првите три месеци годинава. Дел од осигурителните компании бележат и поголем раст, што е добар сигнал за оваа година. 

Лани во услови на пандемија, сите осигуреници во осигурување вложиле 10 милијарди денари (163,7 милиони евра), што беше само за благи пет отсто помалку од 2019 година. Инаку како што објави Агенцијата за супервизија на осигурување во  период од пет години (од 2016 до 2020 година) во осигурителните компании во земјава биле купени полиси вредни 48,3 милијарди денари (785,2 милиони евра).

На осигурителниот пазар работат вкупно 16 друштва за осигурување меѓу кои 11 покриваат ризици од осигурување неживот, а 5компании се специјализирани за осигурување живот.

Продажбата на полиси од корпусот неживотно осигурување лани во вкупната бруто полисирана премија учествува со 82,7 отсто и изнесува 8,3 милијарди денари (135,4 милиони евра). Осигурителните друштва од продажба на полиси за осигурување живот инкасирале 1,74 милијарди денари (28,3 милиони евра) што претставува 17,3 отсто од целиот приход од продажба полиси.

И лани најголемо учество во целата продажба има осигурувањето моторни возила со 4,96 милијарди денари (80,65 милиони евра), пред осигурувањето имот со 1,86 милијарди денари (30,25 милиони евра). Најголем раст има кај приватното здравствено осигурување од чија продажба осигурителите наплатиле пет пати повеќе во однос на 2019 година.


Слично

Поврзани вести