Раст на берзите после надежта за договор со Грција
Грчката берза го предводеше растот на европските берзи бидејќи е побудена надеж дека новата Влада во Атина му се приближува на договорот со кредиторите од еврозоната кој би можел да ги ублажи мерките за штедење и да ја задржи земјата во зоната на еврото.
Главниот берзански индекс во Атина пораснал речиси за 5 одсто, ден отако европските лидери изразиле желба за компромисот околу барањата на Атина за олеснување на долгот.
Меѓу останатите европски берзи, германскиот индекс забележал рекордна вредност.
Потоа, како што наведува агенцијата Асошиејтед прес, повеќе недели на пазарење во текот на кое пазарите биле застрашена можност спорот да ја турне Грција во банкрот, Атина и меѓународните кредитори тргнале кон мировни води и премостување на разликите.
Договорено е да започне техничка расправа за барањата на Грција да се ублаќат условите под кои ја добива помошта. За резултатите на разговорите на состанокот во понеделникот би требало да бидат известени министрите за финансии на еврозоната.
Акутелниот програм на помош истекува кон крајот на месецот, а Атина сака тој да биде заменет со нови без остри мерки на штедење, но грчките кредитори, посебно Германијам се противи на олеснувањата на Грција од страв дека врз основа на ваков преседан слично ќе бараат и другите земји кои ќе се задолжат претерано.
