Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на БДП во светот на сметка на ниските цени на нафтата

Раст на БДП во светот на сметка на ниските цени на нафтата
Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека поради падот на цените на нафтените производи светот ќе забележи раст на БДП во висина од 0,3 до 0,7 отсто во наредната 2015 година. Економските експерти Оливија Бланшар и Рабах Арезеки проценуваат дека цената на нафтата по силниот пад од јуни годинава за речиси 50 отсто ќе забележи благ пораст, но, како што велат, таа и натаму ќе остане под нивото на кое била изминативе неколку години. Според нив врз драстичниот пад на цените на нафтата голема улога одиграле понудата и побарувачката и сега не е извесно како тие ќе влијаат понатаму. Експертите сметаат дека ризиците за фискалната стабилност се зголемени, но и натаму се ограничени, но потенцираат дека голем притисок врз домашните валути е забележан во неколку земји извознички на нафта како Русија, Нигерија и Венецуела. Притисоците врз буџетот и валутата би можеле да бидат важни за извозиците на нафта, кои немаат силни фискални правила, а таквата состојба би можела да доведе до раст на инфлацијта и натамошна депрецијација на нивните валути.
Слично

Поврзани вести