Раст на БДП од 2.0% во првото тримесечје
2.0% пораснал бруто-домашниот производ за првото тримесечје од 2016 година покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Растот го билдаат пред се И- Финансиски дејности и дејности на осигурување каде се забележани 13.3%. Следуваат стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 11.7% и градежништвото каде е регистриран раст од 7.7%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2016 година, номинално растела за 3.2%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64.3%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12.6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7.4%.
